Шиитски и сунитски свештеници од 80 земји на средба во иранскиот град Кум разработуваат стратегија за борба против екстремистите, меѓу кои и против групата Исламска држава, која зазеде поголеми делови од територијата на Ирак и на Сирија.
Ајатолахот Насер Макарем Ширази, главен организатор на средбата апелираше за консензус меѓу шиитите и сунитите. Тој ја свика средбата со цел да покаже колку е апсурдна идеологијата на екстремистите.
Дел од свештениците истакнаа дека САД и Израел се одговорни за создавањето на ИД со цел да предизвикаат раскол во самиот исламски свет.
ИД за голем дел од муслиманскиот свет е закана за исламот бидејќи извршува масакри во име на религијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


