| четврток, 6 декември 2018 |

Бајден и по три дена не го смени ставот на Турција

bajden erdoganПосетата на Американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Турција заврши без да се доближат ставовите меѓу Вашингтон и Анкара за борбата против џихадистите во Сирија и во Ирак.

Бајден последните три дена во Турција се сретна со претседателот Реџеп Таип Ердоган, со премиерот Ахмет Давутоглу, како и со вселенскиот патријарх Вартоломеј Први.

Турција одбива воено да ги помогне курдските сили кои се борат против џихадистите во сирискиот град Кобане. Анкара под притисок на сојузниците дозволи 150 борци од Ирак да поминат преку нејзина територија за да стигнат во Кобане, но оценува дека водушните напади на коалицијата против ИД се недоволни и инсистира на соборување на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

По средбата која траеше четири часа меѓу Ердоган и Бајден немаше ништо конкретно за евентуалното учество на Турција во коалицијата предводена од САД против ИД.

– Партнерството ни е силно, како што било секогаш, посочи Бајден по средбата со Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top