Седиштето на Специјалниот меѓународен суд за воени злосторства во Косово ќе биде во Холандија, а неговото формирање не може да се очекува пред следното лето, пренесе Танјуг,повикувајќи се на изјава на холандскиот амбасадор во Приштина, Роберт Бош.
-Холандија позитивно одговори на барањето за формирање на овој суд, што соодветствува на нејзините амбиции да биде светски центар на правосудството, но за реализацијата на овој проект, пред се, е потребна одлука на косовскиот Парламент – рече Бош за косовската телевизија РТВ21.
Амбасадорот забележа дека политичката криза во Косово, каде пет месеци по изборите уште нема активен Парламент и Влада, го одлага решавањето на овој проблем.
Тој подвлече дека формирањето на судот не може да се случи без уставни измени и одобрение од Парламентот, по што треба да се склучи спогодба со Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сашо Мијалков останува во притвор
-
Судот одлучи: Министерството за култура погрешно постапило поништувајќи го Конкурсот за откуп на музички дела за 2017 година
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово