| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Вештачкото намалување на цената на нафтата ќе ги погоди сите

нафта

 

Вештачкото намалување на цената на нафтата ќе ги погоди и оние кои го предизвикаа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за агенцијата ТАСС.

-Доколку намерно се намалуваат цените на енергенсите, тоа ќе ги погоди и оние кои го предизвикаа падот на цените. Тоа воопшто не значи дека санкциите, кои го предизвикаа падот на цената на нафтата и девалвација на националната валута ќе имаат негативни резултати или катастрофални последици само за нас. Ништо од тоа нема да се случи! – рече Путин.

Рускиот претседател призна дека има проблеми, дека тие се присутни и дека ќе се зголемуваат, што ќе ја влоши ситуацијата, но не само во Русија туку и во партнерските земји, вклучувајќи ги и оние во кои се произведуваат гас и нафта.

Путин го изнесе мислењето дека цената на нафтата се намалува меѓу другото и затоа што САД почнале да вадат нафта и гас од шкрилци.

Путин во интервјуто за ТАСС, кажа и дека одлуките на Руската Федерација за ситуацијата во Крим беа добро обмислени и затоа тој нема никакво сомнение во нивниот успех, бидејќи вистината е на страната на Русија.

На прашањето дали биле пресметани последиците од приклучувањето на Крим кон РФ и дали сето тоа ќе заврши добро за Русија, Путин одговори: -Да. Тоа е стратегиска одлука. И сметам дека така ќе биде. Едноставно ние сме посилни од сите, затоа што сме во право – дополни тој и подвлече дека никогаш не донел волунтаристички одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top