Жител на село Волково М.З.(1969) вчера, во 11 часот пријавил дека во близина на неговото дворно место, во вода забележал непознато женско тело без знаци на живот.
Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт. Увид на лице место, по предходна консултација со Јавното обвинителство, извршила екипа од СВР Скопје, при што од личната карта што ја пронашле во женска чанта која се наоѓала во близина на телото, утврдено е дека почината е С.Д.(42) од Скопје.
Со наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.