| четврток, 6 декември 2018 |

Руски турист казнет поради сквернавење на римскиот Колосеум

коло

Еден руски турист е осуден да плати казна од 20.000 евра заради вандалско однесување, односно за сквернавење на славниот римски Колосеум.

Проблематичниот 42-годишен руски турист бил забележан од чуварите додека со наострен камен се обидувал во ѕидот на Колосеумот да ја вреже буквата „К“, со големина од 25 сантиметри, пренесоа американските медиуми.

Освен паричната казна, Русинот е осуден и на условна казна од четири години затвор.

Ова, инаку, е петтиот случај во 2014 година како странски турист го сквернави Колосеумот.

Синдикалните лидери истакнуваат дека постои недостиг од чувари на римското археолошко богатство, додека  се поголем број туристи бараат начини да остават своја трага на антиквитетите, предизвикувајќи непроценлива штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top