
– Во редовите на Исламска држава можеби има и до 300 шведски државјани – за државното радио изјави началникот на шведското разузнавање, Андерс Торнберг.
Како што пренесуваат француските медиуми, Торнберг посочи дека досега има 100 потврдени случаи и уште многу претпоставени или непроверени, со што нивниот вкупен број достига до 250-300 лица.
Според него, бројот на кандидати за џихад кои заминуваат за Сирија многу брзо расте.
-Во тренинг камповите во оваа земја младите Швеѓани се обучуваат да станат терористи, да употребуваат експлозиви и оружје – рече Торнберг.
– Кога се враќаат во Шведска тие веќе се подготвени за извршување терористички напади и затоа се цел на засилено набљудување – дополни тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Илјадници Швеѓани вградиле микрочипови во своите дланки (видео)
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто


