– Општина Центар е срцето на Скопје, срцето на Македонија. Ние сме општина на сите граѓани на Македонија! Затоа, изминативе четири години, за да одговориме на потребите на сите граѓани на Македонија, почнавме да создаваме дела! Ова го изјави Владмир Тодоровиќ, актуелниот градоначалник на скопската општина Центар и кандидат за владејачката коалција „За подобра Македонија“ за градоначалник на Центар.
– Делата кои што ги направивме заедно со Вас и дадоа вистински европски лик на Општината. Го зголемивме бројот на паркинг места преку изградбата на нови паркинг простори и катни гаражи, реконструиравме над 60 улици, поставвиме целосна инфраструктура на над 40 улици, изградивме и реконструиравме повеќе тротоари и пешачки патеки, ги подобривме условите во сите детските градинки и основни училишта, се грижевме за животната средина, хортикултурно уредивме над 30 локации со голем број нови садници и цветен расад, се грижевме и за повозрасните – отворивме пет клубови на пензионери во Општината. Зад нас оставивме над 228 реализирани проекти, проекти кои Центар го направија најпосетената општина од страна на туристите. Приказната за Центар мора да продолжи да се развива со истиот интензитет, со Вашите идеи и потреби преку нашите проекти, да ја направиме уште поубава и уште попосетена од страна на туристите. Центар го заслужува тоа, Центар заслужува да биде Европски Центар – изјави актуелниот градоначалник на Центар, Тодоровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.