Со целовечерен концерт на филмска музика во изведба на оркестарот на Македонската филхармонија завршува 13. Фестивал на европски филм „Синедејс“.
Во Гала програмата македонската публика имаше можност да проследи над 25 филмски наслови и победници на последните фестивали во Кан, Венеција, Берлин и Карлови Вари. Меѓу нив се филмовите на Ларс фон Трир, Ким Ки Дук, Годар, Кончаловски, Гондри, Вендерс, Кроненберг, браќата Дарден, Нури Билге Џејлан, Јинан Диао и многу други .
Во рамките на придружната програма во соработка со Агенцијата за филм на Република Македонија беа реализирани и неколку работилници за филмска камера, критика и проекти во развој.
Во официјалната селекција и селекцијата СИНЕБАЛКАН се натпреваруваа петнаесетина филмови, наградувани на фестивалите во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со долгоочекуваната премиера на филмот „Еј“ се затвора годинешното издание на „Синедејс“
-
На „Синедејс“ првпат ќе се одржи Форум на претставници од 12 филмски фестивали во Македонија
-
Вечерва на „Сиендејс“ последниот филм на Даниел Деј Луис
-
Женскиот младински хор при МКЦ одржа бесплатен џез концерт во рамки на „Синедејс“