Популарното дело на Ана Франк, едно од најзначајните сведоштва за прогонот на Евреите за време на Втората светска војна, треба да стана јавно добро за нешто повеќе од една година.
Фондацијата посветена на споменот на младата Еврејка тврди дека нејзиниот татко, Ото Франк, кој почина во 1980 година, е коавтор на дневникот објавен во 1947 година.
Според пишувањата на францускиот весник „Фигаро“, Ото Франк собирал материјал кој го оставила неговата ќерка и исфрлил поедини делови, кој ги сметал дека се премногу лични. Тој ја подготвил и верзијата на книгата која денес ја знаеме. Бидејќи починал во 1980 година, тоа значи дека авторските права на Дневникот на Ана Франк важат до 2051 година.
Според европското право на интелектуална сопственост, Дневникот треба да премине во јавно добро по 70 години од смртта на Ана, односно за 13 месеци.
Фондацијата смета дека е неопходно да се заштити уште некое време ова исклучително дело, посебно од неонацистите и ревизионисите, кои би можеле дури и да го нарушат споменот на Ана Франк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.