Бунтовниците од исламистичката сомалиска група Ал Шабаб киднапираа патнички автобус во северниот дел на Кенија, во близина на границата со Сомалија и убија 28 патници.
Киднаперите ги убиле патниците кои не биле муслимани. Автобусот сообраќал кон главниот град на Кенија, Најроби. Инцидентот се случил на 50 километри од градот Мандера.
Кенија стана мета на наапдите на Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, откако кениски војници во 2011 година им помогнаа на сомалиските безбедносни власти во борбата со исламските терористи. Оттогаш во Кенија се извршени вкупнои 135 напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.