Сомалиската исламистичка група „Ал Шабаб“ денеска повторно се закани со нови крвави напади во Кенија, откако во четвтрокот уби речиси 150 лица во колеџот „Гариса“.
– Никакви мерки за безбедност и акции нема да можат да гарантираат безбедност, да спречат друг напад или да спречат ново крвопролевање во вашите градови, се закани групата „Ал Шабаб“.
Никаде повеќе нема да има безбедност за Кенијците, додека нивните војници се во Сомалија, изјави вчера портпаролот на групата шеик Али Мохамуд Раге за пробунтовничкото радио „Андалус“.
Околу 20.000 кениски војници учествуваат во силите на Африканската унија, кои помагаат на сомалиските власти во борбата против исламистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Тркачката од Кенија се сруши на целта: Реагираше прва помош
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија