Нови шест бисти на истакнати личности од македонската историја денеска беа поставени во скопскиот Градски парк.
Отсега, во Градскиот парк ќе ги има има бистите на Орце Николов, Цветан Димов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Крсте Петков Мисирков и Никола Вапцаров. Бисти на овие личности постоеја и порано, но беа уништани.
– Како што ветивме пред неколку месеци, бистите на овие дејци се повторно поставени во Градскиот парк. Апелирам до жителите на Скопје да ги чуваат овие бисти бидејќи истите се значајно обележје на градот Скопје и Градскиот парк – изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борците изрази благодарност до Градот Скопје за реализацијата на овој проект, бидејќи со него се дава почит на едни од најграндиозните личности од нашата историја.
Бистите се изработени според идејните решенијата на академските скулптори Беди Ибрахим и Сокол Цфарку од Факултетот за ликовни уметности, по претходно распишан јавен конкурс.
Вредноста на идејните решенија, леењето на бистите и реконструкцијата на постаментите изнесува околу 1,3 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје.
фото: www. skopje.gov.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.