Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје продолжи со трендот на раскинување на договорите со играчите.
Последната жртва е крилиниот играч Ненад Зивчевиќ кој не ги задоволи вкусовите на управата и по само неколку месеци стави крај на соработката со играчот.
Зивчевиќ се сметаше за големо засилување во редовите на металците уште од времето кога на клупата беше Змаго Сагадин но според бројките кои стојат зад неговото име, очигледно е незадоволството кај шампионот. Тој имаше просек од пет поени и 1,4 асистенции.
Зивчевиќ е осмиот играч кој ги напушти редовите на МЗТ, а покрај играчи управата смени и тројца тренери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


