Дождот и облаците ќе напрата пауз викендов. Во текот на денешниот ден не очекува сончево време со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од девет до 14 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Недела ќе биде исто така сончева, но со мал слој на високи облаци на небото. Врнежи во никој случај не се очекуваат.
Утрото ќе биде повтотрно студено, а преку денот ќе биде малку потопло.
Во понеделник попладне ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.