| четврток, 6 декември 2018 |

Стабилна состојбата на повредените во денешниот пожар во Чаир

pozar-vo-cair-6Најмалку 11 лица се повредени во денешниот пожар во скопски Чаир. Според информациите шестмина се хоспитализирани, и сите се надвор од животна опасност.

Четворица од хоспитализираните се деца на возраст од 9 месеци до 9 години. Се работи за деца на семејство од Турција. Тие со нивната мајка допатувале во посета на роднини во Скопје. Директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова изјави дека децата се со знаци на индоксикација со јаглероден моноксид.

Поголемите братчиња кои се на возраст девет и шест години беа стабилни. Другите две деца беа во опорозна состојба. Ги ставивме на кислород и започнавме со третирање со течности, со инфузија и сè што треба. Брзо се опорави и сестричката, а бебето сега го исклучуваме од кислород, изјави Софијанова.

Еден од пациентите се здобил со исеченици и е хоспитализиран на Клиниката за хируршки болести „Свети Климент Охридски“. Примен е и пациент со изгореници кој бил хоспитализиран на Клиниката за токсикологија, а неговата здравствена состојба е стабилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top