| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да научат младите за да бидат успешни

Периодот од 20 до 30 години е еден од највозбудливите во животот. Тогаш сте млади, исполнети со соништа, енергија и надеж за иднината. Ова е и периодот во кој се поставува основата за идната кариера. Ако сега се наоѓате во овој период, заштедете си малку стрес, така што ќе ги послушате советите на оние кои веќе го поминале и си извадиле поуки.

131346_1

Ова се 13 работи кои луѓето кои успеале во животот, ги научиле за време на 20 -тите години:

1. Научете да управувате со своето време

Сите имаме 24 часа на ден! Прашањето е како ги користиме. Етјен Гарбули е автор и експерт за кариера од Монтреал. Во својата книга „26 трикови за управување со времето, кои би сакал да ги знаев кога имав 20 години“, тој советува да се научиме, за сè да си поставуваме краен рок и да го почитуваме. Тој препорачува и да се избегнува мултитаскинг.

2. Не поставувајте ги парите над сѐ

Многу луѓе поминуваат низ 20 -тите години без цел и насока, само движејќи  се по течението. Плашејќи се од финансиски неуспех, тие почнуваат работа која не им се допаѓаат, само заради сигурна плата. Годините минуваат неосетно и кога ќе преминат 30 години, си велат дека е доцна за промена. 20 -те години се оние во кои можеме најмирно да ризикуваме. Експертите советуваат да најдете работа која ја сакате и да се стремите да се развивате и да заработувате од неа.

3. Штедете

Истражување на „Bankrate“ меѓу 1003 луѓе покажало дека 69 % од оние на возраст 18-29 години немаат никакви заштеди. Експертите советуваат дека не е рано да се започне со штедење во 20- тите години.

4. Направете план за враќање на долговите

70% од младите во САД завршуваат колеџ со долгови од 30 000 долари во просек. Првото нешто што треба да го направите по завршувањето, е да направите план за отплата на овој долг. Во 20 -те години треба да се научите да си ги плаќате долговите и да ги користите мудро кредитни картички.

5. Грижете се за своето здравје

Кога имаш 20 години, лесно е да пиеш до доцна навечер, да се храниш со лоша храна и тоа да не ти се гледа. Но подоцна, сепак сето тоа ќе се сврти против вас. Направете си режим за здрав живот, уште додека вашето тело е младо.

6. Бидете упорни

Многу амбициозни 20  годишни млади луѓе претрпуваат многу неуспеси, може да добиете отказ, може компанијата која сте ја воделе, да не работи добро и да банкротира. Тоа сепак не е причина за откажување од целта. Успешните луѓе доживеале неуспех безброј пати, но биле постојани и упорни во тоа кон што се стремат.

7. Не обидувајте се да им се допаднете на сите

Уште на почетокот на кариерата почнувате да градите мрежа на контакти. Настојувате да сте во добри односи со клиентите, шефовите и колегите. Сепак, секако дека ќе се судрите и со луѓе на кои нема да им се допаднете. Тоа е нормално и не треба да ве загрижува. Не треба да се обидувате да се менувате заради нив, бидејќи тоа е чисто губење на време и нерви.

8. Научете да бидете флексибилни

Иако е одлична идеата да имате планови и конкретни цели, не дозволувајте да паднете во стапица. Инвеститорот Џејмс Алтухер советува да бидете флексибилни и да ги менувате плановите, кога е потребно. Речиси сигурно животот што замислувате дека ќе го водите на 30 години, ќе се разликува од оној кој навистина ќе го водите.

9. Не престанувајте да учите

Работите не завршуваат со тоа што ќе завршите престижен универзитет. Дипломата нема да ви помогне многу, ако потоа не продолжите да работите на вашето усовршување.

10. Патувајте многу

Патувајте што повеќе, додека не сте врзани. И не станува збор само за екскурзии. Пробајте си ја вашата среќа и на друго место, ако тоа ве влече. Ништо не дава толку вредни лекции како едно патување.

11. Одржувајте контакт со луѓето што ви се важни

Каде ќе бидат вашите пријатели од универзитетот кога ќе бидете на 40 години? Ќе сфатите дека одржувањето на врски не е лесно. Но за некои луѓе вреди да се помачите.

12. Мислете за последиците од вашите постапки

Кога имаш 20 години, немаш семејство и луѓе кои се потпираат на вас, полесно е да превземате ризици. Тоа сепак не значи дека тие треба да бидат целосно непромислени. Ограничете ги импулсивните потези и размислувајте за последиците.

13. Не слушајте ги секогаш родителите

Вашите родители ве сакаат и ќе ви дадаат совети, но тие не секогаш ќе бидат вистинските совети. Тие само го прават најдобро што можат за да се грижат за вас, но нивното мислење е резултат од она што го научиле во нивниот живот, а вие треба да ги научите вашите лекции во вашиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top