| четврток, 6 декември 2018 |

Пике на тапет кај челниците на Барселона

Претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Џозеп Бартомеу, го предупреди централниот дефанзивец и член на шпанската фудбалска репрезентација Џерард Пике да се фокусира на играта и да вниманава на своето однесување надвор од терените.
Пике неодамна имаше проблем со полицијата поради непрописно паркирање, а на натпреварот од Суперкупот на Каталонија против Еспањол користеше и мобилен телефон.

– Пике не е веќе оној стариот. Не игра добро во континуитет, и тоа претставува проблем за тимот. Разговаравме со него и знае каков е нашиот став околу неговите испади надвор од теренот. Тоа го дефокусира и во играта и има послаби резултати. Такви работи не треба да се случуваат. На сите играчи им е претставено дека мора максимално да се фокусираат на играта – изјави Бартомеу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top