| четврток, 6 декември 2018 |

Австриската армија продава касарна преку оглас на интернет

Австриската армија продава касарна преку оглас на интернет во обид да заштеди од буџетот.

Воената касарна Мартинек во Долна Австрија се продава преку интернет за 33,1 милион долари.

Огласот го објави државна фирма специјализирана за продажба на недвижен имот. Досега фирмата продала 141 недвижен имот со заработка од 262,4 милиони евра.

На купопродажниот портал касарната во која има 50 објекти е најскап недвижен имот.

Австриската влада реши да продаде уште 30 имоти во сопственост на армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top