| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: До 2018 година Македониjа ќе биде земjа на експресни и на безбедни патишта

Спо­ред на­ши­те ана­ли­зи, не е исп­лат­ли­во да се пра­ви авто­пат Град­ско – Ве­лес, тоа е про­ект на прет­ход­на­та вла­да, за кој не­ма фи­нан­си­ска кон­струк­ци­ја. Ние не нај­а­ву­ва­ме про­е­кти без ана­ли­за и кон­струк­ци­ја

Ма­ке­до­ни­ја до­би 305 ми­ли­о­ни евра од Европ­ска­та бан­ка за об­но­ва и раз­вој (ЕБРД), од кои 145 ми­ли­о­ни евра ќе би­дат на­ме­не­ти за из­град­ба на пру­га­та од Бе­ља­ков­це до Кри­ва Па­лан­ка, а 160 ми­ли­о­ни евра за Про­гра­ма­та за на­ци­о­нал­ни па­ти­шта. Со ми­ни­сте­рот за транс­порт и вр­ски, Ми­ле Ја­на­ки­е­ски, раз­го­ва­рав­ме вед­наш по до­би­ва­ње­то на ин­фор­ма­ци­ја­та за одо­бру­ва­ње на овие средс­тва.

 

Раз­го­во­рот го поч­ну­ва­ме со ин­фор­ма­ци­ја­та за но­ви­те средс­тва кои тре­ба да при­до­не­сат за по­до­бру­ва­ње на пат­на­та ин­фра­стру­кту­ра. 145 ми­ли­о­ни евра за пру­га­та од Бе­ља­ков­це до Кри­ва Па­лан­ка. Што зна­чи тоа за Ма­ке­до­ни­ја?
Ја­на­ки­ески: Управ­ни­от од­бор на ЕБРД ги одо­бри средс­тва­та за из­град­ба на вто­ра­та дел­ни­ца од пру­га­та кон Бу­га­ри­ја – од Бе­ља­ков­це до Кри­ва Па­лан­ка. Се ра­бо­ти за про­е­кти­ра­на су­ма. Па­ра­лел­но се одо­бре­ни средс­тва и за па­ти­шта. Оче­ку­ва­ме вед­наш по пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот да сле­ду­ва и јав­на об­ја­ва за на­о­ѓа­ње гра­деж­на ком­па­ни­ја ко­ја во 2015 го­ди­на би поч­на­ла со из­ве­ду­ва­ње на ра­бо­ти­те. Го­ди­на­ва поч­нав­ме со из­град­ба на пр­ва­та дел­ни­ца од Ку­ма­но­во до Бе­ља­ков­це и ве­ќе е во фа­за по­ви­кот за до­го­вор со кон­сул­тант­ска ком­па­ни­ја ко­ја ќе го на­пра­ви про­е­ктот за тре­та­та фа­за, од Кри­ва Па­лан­ка до гра­ни­ца­та со Бу­га­ри­ја. На­бр­зо и за­ко­нот тре­ба да се нај­де во Со­бра­ни­е­то, за Со­бра­ни­е­то да го одо­бри тој за­ем.

 

Еден од пог­лав­ни­те про­е­кти на Ми­ни­стерс­тво­то е по­до­бру­ва­ње на пат­на­та ин­фра­стру­кту­ра. Скоп­је и Охрид ќе се по­вр­зат со авто­пат, од­нос­но по по­че­то­кот на град­ба­та од Охрид кон Стра­жа, се­га се нај­а­ви и град­ба од Го­сти­вар до Стра­жа. Кол­ка­ва е ин­ве­сти­ци­ја­та?
Ја­на­ки­ески: Це­ло­куп­на­та вред­ност на па­тот од Охрид кон Ки­че­во е 373 ми­ли­о­ни евра, а оче­ку­ва­ме да би­де го­тов во пр­ва­та по­ло­ви­на на 2018 го­ди­на. За оста­на­ти­от дел од па­тот сме во фа­за на под­го­то­вка на до­ку­мен­та­ци­ја­та и оче­ку­ва­ме на по­че­то­кот на на­ред­на­та го­ди­на да се рас­пи­ше ја­вен по­вик за на­о­ѓа­ње кон­це­си­о­нер. На­ша­та цел е овој пат да би­де из­гра­ден во 2018 го­ди­на. Дра­стич­но ќе се на­ма­ли па­ту­ва­ње­то, ре­чи­си за по­ло­ви­на час, но и без­бед­но­ста на пат­ни­ци­те ќе би­де мно­гу по­го­ле­ма.

 

Mile-Janakieski-int115-3

 

Се гра­дат и дру­ги авто­па­ти­шта и ре­ги­о­нал­ни па­ти­шта. До ка­де е дел­ни­ца­та до Ге­вге­ли­ја?
Ја­на­ки­ески: Авто­па­тот од Де­мир Ка­пи­ја до Смо­кви­ца, пос­лед­на­та дел­ни­ца ко­ја оста­на од Ко­ри­до­рот 10, поч­на со град­ба кон кра­јот на 2012 го­ди­на и, во сог­лас­ност со до­го­во­рот, тре­ба да за­вр­ши до кра­јот на 2016 го­ди­на. По­ве­ќе од 50 про­цен­ти од гра­деж­ни­те ра­бо­ти се за­вр­ше­ни. Во фа­за е из­град­ба­та на мо­сто­ви. Оче­ку­ва­ме во 2016 го­ди­на Ко­ри­до­рот, кој по­ми­ну­ва од Ср­би­ја низ Ма­ке­до­ни­ја до Гр­ци­ја, да би­де из­гра­ден на ни­во на авто­пат во Ма­ке­до­ни­ја. Тоа е нај­фре­квент­ни­от пат.

 

Еден од по­го­ле­ми­те про­е­кти е па­тот Скоп­је – Штип.
Ја­на­ки­ески: Па­тот Скоп­је – Штип поч­на со град­ба го­ди­на­ва и, во сог­лас­ност со до­го­во­рот, тре­ба да би­де за­вр­шен до кра­јот на 2017 го­ди­на. Не­ма­ме проб­ле­ми, ди­на­ми­ка­та е по­бр­за од пред­ви­де­но­то. Овој авто­пат е во дол­жи­на од 47 ки­ло­ме­три, ин­ве­сти­ци­ја­та е 206 ми­ли­о­ни евра, та­ка што па­тот ќе би­де скра­тен за де­се­ти­на ки­ло­ме­три, а бр­зи­на­та на дви­же­ње ќе би­де мно­гу по­го­ле­ма, со ог­лед де­ка до­се­га се во­зе­ше по ре­ги­о­на­лен пат низ на­се­ле­ни ме­ста, а се­га има­ме авто­пат. За по­ло­ви­на час ќе се стиг­ну­ва од Скоп­је до Штип.

 

Mile-Janakieski-int115-2

 

Ко­га се па­ти­шта­та те­ма, бе­ше нај­а­вен про­ект за авто­пат Ве­лес – При­леп. Мо­же ли тој да се ре­а­ли­зи­ра?
Ја­на­ки­ески: Тоа е про­ект што е поч­нат од по­ра­неш­на­та вла­да, но не би­ла обез­бе­де­на це­лос­на фи­нан­си­ска кон­струк­ци­ја. Ние не поч­ну­ва­ме про­ект без фи­нан­си­ска кон­струк­ци­ја. Еден од про­е­кти­те што ги одо­бри ЕБРД се од­не­су­ва на овој дел. Одо­бре­ни се средс­тва за дел­ни­ца­та При­леп – Град­ско, по­тоа за па­тот од Охрид до Пе­шта­ни на ни­во на екс­пре­сен пат, не­што што е мно­гу важ­но за ту­ри­стич­ки­от раз­вој на Охрид. По­тоа па­тот Штип – Ко­ча­ни, исто та­ка, на ни­во на екс­пре­сен пат и авто­па­тот од Стру­га до Тре­бе­ни­шта. Овие че­ти­ри про­е­кти тре­ба да поч­нат нај­доц­на до кра­јот на 2015 го­ди­на. За па­тот При­леп – Град­ско се пла­ни­ра­ни три раз­лич­ни сек­ции – ед­на е фи­нан­си­ра­на од ЕБРД, ед­на сек­ци­ја од фон­до­ви­те на ИПА и тре­та­та сек­ци­ја, тоа е еден мал дел, ќе би­де фи­нан­си­ра­на од Бу­џе­тот за јав­ни па­ти­шта. Се ра­бо­ти за екс­пре­сен пат, два­па­ти по две лен­ти. Оче­ку­ва­ме не­ка­де во 2018 или 2019 го­ди­на од Град­ско до При­леп да се па­ту­ва по екс­пре­сен пат. Спо­ред на­ши­те ана­ли­зи, не е исп­лат­ли­во да се пра­ви авто­пат на овој дел.

 

Но­ви­те па­ти­шта пов­ле­ку­ва­ат и мо­дер­ни­за­ци­ја на па­та­ри­ни­те. Се нај­а­ву­ва де­ка тур­ска ком­па­ни­ја ќе ги пра­ви па­та­ри­ни­те за еле­ктрон­ска нап­ла­та.
Ја­на­ки­ески: Де­но­ви­ве ќе склу­чи­ме до­го­вор со тур­ска­та ком­па­ни­ја „Асел­сан“, ко­ја ве­ќе е из­бра­на, оста­ну­ва да се до­ста­ви тех­нич­ка до­ку­мен­та­ци­ја и фи­нан­си­ска га­ран­ци­ја. Ма­кси­мал­ни­от пер­и­од за спро­ве­ду­ва­ње на про­е­ктот е 18 ме­се­ци. Се во­ве­ду­ва нов си­стем кој ќе би­де не­за­ви­сен од чо­веч­ки фа­ктор, ќе има спе­ци­јал­ни ознаки, ќе се нап­ла­ту­ва без да се за­ста­ну­ва. Ќе има при­пејд-кар­тич­ка, си­стем кој ќе стои на са­ми­от авто­мо­бил, а спе­ци­ја­лен чи­тач ќе чи­та и ќе сим­ну­ва средс­тва. Пред­ви­де­но е да има и кар­тич­ки што ќе се ста­ва­ат на авто­ма­ти. Ќе се про­ши­ру­ва­ат и по­стој­ни­те па­та­ри­ни, ка­па­ци­те­тот на не­кои од нив ќе би­де двој­но зго­ле­мен. За ед­на и пол го­ди­на ќе има­ме нов мо­де­рен си­стем и ќе не­ма­ме ме­теж на со­о­бра­ќај­ни­ци­те. Па­ра­лел­но, ра­бо­ти­ме и на про­ект за из­град­ба и за мо­дер­ни­за­ци­ја на по­стој­ни­те бен­зин­ски пум­пи во зем­ја­ва за да овоз­мо­жи­ме го­лем број од стран­ски­те пат­ни­ци да за­ста­нат и да по­тро­шат па­ри во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Mile-Janakieski-int115-4

 

Во­зот е ме­ѓу пог­лав­ни­те пре­воз­ни средс­тва во Евро­па и во све­тот. Бе­ше нај­а­ве­на на­ба­вка на но­ви ва­го­ни.
Ја­на­ки­ески: При­стиг­наа 13 то­вар­ни ва­го­ни и до по­че­то­кот на на­ред­на­та го­ди­на сук­це­сив­но ќе при­стиг­ну­ва­ат и оста­на­ти­те. Се ра­бо­ти за 150 то­вар­ни ва­го­ни. Поз­на­чај­но е тоа што на сре­ди­на­та на на­ред­на­та го­ди­на ќе при­стиг­нат и пат­нич­ки ва­го­ни. Сук­це­сив­но до по­че­то­кот на 2016 го­ди­на тре­ба да за­вр­ши ис­по­ра­ка­та на ва­го­ни­те. 150 то­вар­ни ва­го­ни се зна­чај­ни за ин­ду­стри­ја­та, се зго­ле­му­ва ка­па­ци­те­тот на же­лез­ни­ца­та, но и се мо­дер­ни­зи­ра транс­пор­тот. Кај пат­нич­ки­те има­ме шест мо­дер­ни гар­ни­ту­ри, две се еле­ктрич­ни, а че­ти­ри се ди­зел. Оче­ку­ва­ме од ју­ли на­ред­на­та го­ди­на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни да се во­зат во но­ви во­зо­ви.

 

А што е со же­лез­нич­ки­те ста­ни­ци кои, глав­но, се по­ста­ри град­би?
Ја­на­ки­ески: По­крај тоа што во мо­мен­тот се ре­кон­стру­и­ра Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца во Скоп­је, чи­ја ре­кон­струк­ци­ја тре­ба да за­вр­ши до на­ред­на­та го­ди­на, во фа­за на ева­лу­а­ци­ја е и по­стап­ка­та за ре­кон­струк­ци­ја на де­сет го­ле­ми же­лез­нич­ки ста­ни­ци на Ко­ри­до­рот 10 – При­леп, Ве­лес, Град­ско, Ге­вге­ли­ја.

 

При­стиг­на ми­ли­о­ни­ти­от пат­ник на ае­ро­дро­мот „Але­ксан­дар Ве­ли­ки“. Се по­стиг­ну­ва ли пред­ви­де­но­то за раз­вој на ави­о­со­о­бра­ќа­јот?
Ја­на­ки­ески: Ко­га го склу­чив­ме до­го­во­рот за кон­це­си­ја на ае­ро­дро­мот, од­нос­но ко­га поч­на ТАВ да опе­ри­ра со ма­ке­дон­ски­те ае­ро­дро­ми, имав­ме око­лу 610.000 пат­ни­ци. Го­ди­на­ва, до­кол­ку доз­во­лат вре­мен­ски­те ус­ло­ви, мо­же­ме да ос­тва­ри­ме број­ка од 1.200. 000 пат­ни­ци. Тоа зна­чи де­ка ја ис­пол­нив­ме цел­та, го зго­ле­мив­ме бро­јот на пат­ни­ци, ма­ке­дон­ски­те ае­ро­дро­ми ста­наа по­фре­квент­ни. До­бив­ме и нов изг­лед на ае­ро­дро­мот во Скоп­је и це­лос­но мо­дер­ни­зи­ран ае­ро­дром во Охрид, а во ид­ни­на ќе се из­гра­ди и ае­ро­дром во Штип. Овоз­мо­жив­ме, во со­ра­бо­тка со „Ви­зер“ и оста­на­ти­те ком­па­нии, да се отво­рат но­ви 14 ли­нии за са­мо две го­ди­ни. Скоп­ски­от ае­ро­дром е ли­дер по рас­тот на пат­ни­ци во ре­ги­о­нов. Овие број­ки по­ка­жу­ва­ат де­ка со кон­це­си­ја­та на ае­ро­дро­ми­те има­ме ед­на ус­пеш­на при­каз­на. Ае­ро­дро­мот „Але­ксан­дар Ве­ли­ки“ е прог­ла­сен за нај­до­бар ае­ро­дром до два ми­ли­о­на пат­ни­ка во Евро­па. Во 2015 го­ди­на наш пре­диз­вик ќе би­де нов по­вик за прив­ле­ку­ва­ње ни­ско­бу­џет­на ави­о­ком­па­ни­ја за че­ти­ри но­ви де­сти­на­ции и за­жи­ву­ва­ње на ае­ро­дро­мот во Охрид. Ќе на­пра­ви­ме ма­кси­мал­ни на­по­ри за вос­по­ста­ву­ва­ње на­ци­о­нал­на ави­о­ком­па­ни­ја во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Целиот разговор во видеото на Република ТВ.

 

 

Разговараше: Бил­ја­на За­фи­ро­ва
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Интервјуто со министерот Миле Јанакиески е објавено во 115. број на неделникот Република, 14.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top