Претседателот на САД, Барак Обама, најавил големи реформи во американскиот имиграциски закон, соопштува „Ројтерс“. Промените ќе им овозможат на речиси 5 милиони луѓе што се нелегално во САД, да избегнат депортација. Илегалните имигранти се вкупно 11 милиони луѓе. Реформата ќе ги фаворизира претежно родителите што се нелегално во САД повеќе од пет години, но имаат деца што се американски државјани или постојани жители. Во рок од три години тие ќе можат да поднесуваат документи за дозвола за работа, без да се загрижени дека ќе бидат депортирани.
Според планот, активностите на органите на прогонот ќе се фокусираат на депортацијата на имигранти без документи, кои претставуваат закана за националната безбедност или јавната сигурност.
Планот ќе ја истакне потребата од депортација на лица осомничени за тероризам, криминалци и членови на организирани групи.
Републиканците жестоко се противат на мерките и размислуваат за различни правни и законски дејства, со кои би ја спречиле реформата.
– Денес нашиот имиграциски систем е уништен и тоа сите го знаат, рекол Обама во својот говор. Тој ги повикал републиканците во Конгресот да ги одобрат пошироките промени.
Во својот говор Обама ги отфрла критиките на републиканците дека неговата одлука да го заобиколи Конгресот и да издаде наредбата е еднаква на амнестија за илегалните имигранти и ги повика целосно да ја одобрат сеопфатна реформа на имиграциските закони.
Според републиканците, Обама ги поминува границите на уставната власт. Пред претседателското обраќање, претседавачот со Конгресот, Џон Бејнар, изјавил дека Обама порано викал дека тој не е цар и не е император, но, дефинитивно, дејствува како таков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Чавков: Со кратењето на буџетот за МВР ќе страдаат проектите за реформи на полицијата
-
ПССЕ од Стразбур препорача:Реформите да бидат прифатени со консензус
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите