| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедисти во Бразил возеа голи во борба за своите права

Соблечени до гола кожа тие сакаа да им дадат до знаење на властите во овој град дека во Сао Паоло е многу опасно да се вози велосипед бидејќи недостасуваат велосипедски патеки

Стотина голи и полуголи велосипедисти излегоа на улиците во Сао Паоло, Бразил со цел да се изборат за своите прави. Соблечени до гола кожа тие сакаа да им дадат до знаење на властите во овој град дека во Сао Паоло е многу опасно да се вози велосипед бидејќи недостасуваат велосипедски патеки.

tocaci

– Сакаме сите да видат колку сме ранливи кога не сме во автомобил – изјави еден од демострантите.

Тој истакна дека во град кој брои 11 милиони жители има само 67 километри долга патека за велосипедистите.

BRAZIL-CYCLING-NAKED

Слична акција се одржа и во главниот град на Перу, Лима. Таму веќе секоја година велосипедистите голи протестираат за своите права.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top