Вкупно 113 деца биле подложени на измачување оваа година во затвори и притворски уставнови во Турција, односно 49 деца биле подложувани на тортури во затвори, а 64 во полициски станици, се наведува во извештајот на турската Асоцијацијата за човековите права.
Асоцијацијата нагласи дека овие бројки ги претставуваат само случаите, за кои активистите биле информирани и се додава дека голем број од жртвите не сакаат да ги известат властите за претрпените трауми, поради страв од одмазда.
Во 2014 година се приведени 360 деца при инциденти за време на јавни настани или демонстрации, 59 биле уапсени, а 42 била ранети, се додава во извештајот.
– Децата се најголеми жртви на нарушувањето на човековите права – нагласува Асоцијацијата.
Организацијата упати критика до турското Министерство за правда поради тоа што молчи за случаите на насилсво или сексуално злоупотребување врз деца во затворите и повика за ослободување на сите осудени деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.