| четврток, 6 декември 2018 |

Нова кампања за безбедност на младите на интернет

internet

„Сурфај безбедно“ е новата кампања за безбедност на децата и младите на интернет која денеска Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе ја промовира.

Кампањата е фокусирана на разбирање на ризиците и опасностите кои ги демнат децата и младите на интернет, како и на препораките за нивно навремено препознавање.

Покрај министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска,  ќе присуствуваат и министерот за образование и наука, Панче Кралев, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, како и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top