Третото издание од фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, во организација на Универзална сала како дел од програмата за култура на Град Скопје, оваа година ќе се одржи вечерва (на 21 ноември), во Унвиерзална сала-Скопје, со почеток од 20 часот.
Ексклузивно на годинашното издание ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „СК2Го“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи што ќе доаѓаат на посета во нашиот град.
Исто така, на годинешниот фестивал ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во т.н. форма на „База на податоци“.
Презентацијата на сите производи ќе започне во 10:00 часот, додека официјалното отварање ќе биде во 20:00 часот збогатено со прекрасната музика од македонските амбасадори на новиот современ звук, групата „ФОЛТИН“
Влезот е бесплатен и отворен за сите!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија