
На претпоследниот ден на 13. фестивал „Синедејс“ во 17.30 часот ќе биде прикажан филмот „Дали е среќен човекот што е висок“ на режисерот Мишел Гондри. Станува збор за филм составен од анимирани разговори со познатиот лингвист, филозоф, политички говорник и активист Ноам Чомски.
Во терминот од 22.30 часот ќе следува годинашниот лауреат на Kанскиот филмски фестивал, „Зимски сон“ на реномираниот турски режисер Нури Билге Џејлан.
Германско-ирачкиот „Спомени во камен“ во режија на Шавкат Амин Kорки од официјалната програма ќе биде прикажан во 19 часот во „Фросина“. Од истата програма, од 21 часот е рускиот „Kажи како се викам“ на Нигина Сајфулаева.
Српскиот документарец „Лауш“ на режисерката Бранка Бешевиќ-Гајиќ ќе биде прикажан во 23 часот во „Фросина“. Филмот е снимен според вистински настани и разговори за животот на Жарко Лаушевиќ, еден од најпознатите актери во поранешна Југославија. Филмот се занимава со делото на Лаушевиќ, неговата уметност, страдањето и со воскреснувањето како уметник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


