| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќеска во НБА, Запад против Исток 2-0

Два меча се играа ноќеска во НБА-лигата, а и двата ги добија екипи од Западната конференција. Во Мајами на Хит им гостуваа кошаркарите на Лос Анџелес клиперс и славеа убедлива победа од 110-93.

Крис Бош со 28 поени беше најефикасен на мечот, но тоа не му помогна на поранешниот шампиони и лански финалист за победи. Крис Пол и Блејк Грифин постигнаа по 26 поени за Клиперс.

Во Сакраменто, „кралевите“ го преслушаа Чикаго со 15 поени разлика, 103-88. Центарот Де Маркус Казинс оствари  22 поени и 14 скока, а за еден поен поефикасен беше Батлер кај поразениот состав.

kzn

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top