| четврток, 6 декември 2018 |

Инспекторите на УЈП вечерва со камења биле избркани од Студеничани

Инспекторите на УЈП и полициски сили вечерва со камења биле избркани од Студеничани. Нивната контрола завршила со затворање на два угостителски објекта во кои не се почитувале законските обврски за забрана за пушењето и за поседување на фискални каси.

По затворањето на дуќаните поради непочитување на законските обврски за непушењето и поседувањето на фискални каси, реакцијата на селаните била остра. Тие фрлале со камења по полициските и по автомобилите на УЈП. Веднаш потоа дошле дополнителни полициски сили, по што инспекторите и полицијата си заминале, јави порталот Журнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top