| четврток, 6 декември 2018 |

За подарок ја доби куќата што ја чистела

Куќната помошничка Кара Симонс го почна работниот ден како и секој претходен, пристигнувајќи во голема убава куќа која требаше да се исчисти за планираната забава таа вечер. Набрзо потоа таа дознава дека куќата која дошла да ја чисти ќе стане нејзиниот нов дом.

Во празничната кампања на Break.com(Prank it FWD) самохраната мајка на три деца добива неколку изненадувања, меѓу кои е и подарок куќа. Претставник на Break.com изјавил дека тие добиле стотици писма со номинации за кампањата, но најтрогнати биле од посветеноста на Симонс кон нејзината фамилија и општеството. Номинацијата за неа била испратена од шефицата и сестрата на Симонс.

Ова не е првата ваква кампања на Break.com. Тие во март оваа година, на млада, вредна келнерка и дадоа огромен бакшиш и нова кола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top