| четврток, 6 декември 2018 |

Домашната помошничка на Анџелина и на Бред на работ на нервите

Анџелина Џоли и Бред Пит со своите шест деца не живеат идеален живот како што им се чини на многумина, откри лицето што секојдневно има можност да биде во нивната куќа.

Соседите на актерската двојка го опишуваат нивниот живот како многу неуреден, а тоа го потврди и поранешната дадилка на големото семејство Џоли-Пит, која имала можност секојдневно да престојува во нивната куќа. Благодарејќи на своите либерални методи на чување, никој не е авторитет за децата, па тие секојдневно се караат, викаат среде ноќ и се недисциплинирани.

Поради немирните деца не се пожелни дури во 12 луксузни хоели во светот. Од сите тие хотели се исфрлени затоа што децата го уништувале мебелот.

Нивната хигиеничарка е на работ на нервите. Работи од утро до вечер затоа што никогаш не видела понеуредни деца. Собите се полни со расипана храна, нечисти алишта и мртви бубалки. Ниту едно од децата не чисти зад себе, а и родителите мислат дека тоа им е под честа, откри поранешната дадилка и продолжи во истиот тон.

Бред се обидува да воведе ред во семејство, а Анџелина е најслабата алка. Децата ги искористуваат родителите и прават по свое. На Анџелина воспитувањето ѝ е слаба страна. Кога ќе се појави проблем, таа само исчезнува или почнува да вреска, тоа ѝ е своевидна терапија. Полни када, седи во неа и вика. Кај нив се зборува само на француски јазик, а секое посвоено дете има учителка со која го усовршува мајчиниот јазик, објаснува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top