| четврток, 6 декември 2018 |

Според МВР: Победата на Кајмакоски е чиста

Skopski festival 2014 (11) (Custom)

Праќачите на пораките за гласање на „Скопски фестивал“ од спорните СИМ- картички се согласиле да сведочат, објави „Сител“ повикувајќи се на извори во МВР. Според „Сител“, фестивалот бил местен за двајца ексклузивци на осомничената продукција. Победата на Даниел Кајмакоски не е предмет на истрага, а чисти биле и другите наградени.

Четири лица се осомничени за злосторничко здружување и за компјутерска измама во врска со резултатите од „Скопскиот фестивал“ за избор на песна за „Евровизија“. Преку СИМ-картички и телефонски апарати, четворицата првоосомничени имале цел да испратат поголем број СМС и на тој начин да влијаат на резултатите од гласањето, но и на конечниот резултат. Осомничените се на возраст од 26 до 56 години од Скопје и меѓу нив се сопственик на продукциска куќа, автор и композитор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top