Растот на прометот во индустријата покажува дека остваруваме добри резултати и оти економијата е во добар залет, кој и понатаму ќе добие поддршка од Владата, оцени денеска премиерот Никола Груевски.
Според него, статистичките податоци за порастот на прометот во индустријата за 20,5 проценти во септември годинава во однос на септември лани, како и зголемувањето на прометот кон странство за 27,7 проценти, е висок и респектабилен пораст.
– Тоа покажува дека остваруваме добри резултати, дека економијата е во добар залет, што треба да се поддржи и понатаму од Владата која тоа и ќе го прави и оти мерките што ги преземаме даваат резултати – изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето 13 години од основање на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.
Македонија, нагласи, годинава постигна втор највисок раст во Европа. Овие податоци укажуваат дека извозот оди добро, дека индустријата оди одлично и оти треба да се концентрираме овој тренд да потрае што е можно подолго, затоа што сето тоа помага во отворање нови работни места што е крајна цел на нашите економски политики.
Во врска со проектирањето на патот Тетово – Чегране – Брвеница – Гостивар, Груевски најви дека тоа ќе заврши најдоцна до март следната година, по што ќе следува избор на изведувач на градежните работи.
Изградбата на патот е предвидена со Програмата, што, според Груевски, значи дека ќе се реализира.
– Проектирањето треба да заврши во март следната година и потоа да почнат процедурите за избор на изведувач. Светска банка го поддржува овој проект на Република Македонија, така што очекувам во текот на следната година да почне изградбата, односно реконструкцијата и рехабилитацијата на овој патен правец – изјави Груевски.
Во изминатиот период, потсети Груевски, во овој регион целосно или делумно беа обновени уште два патни правца Јегуновце – Лешок и Тетово – Пирок – Гостивар.
– Она што сме го зацртале го спроведуваме и она што сме го ветиле ќе биде целосно сторено – рече премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот