Македонските музички амбасадори, групата „Фолтин“, в петок, на 21 ноември, во Универзална сала, со почеток од 20 часот, ќе одржат целовечерен концерт по повод третото фестивалско издание на проектот „Скопје креатива“.
Ексклузивно, на годинешното издание ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во нашиот град.
Исто така, на годинешниот фестивал ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во т.н. форма на „База на податоци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.