| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија има дури 19.000 мултимилионери

пари

Во Германија оваа година се регистрирани повеќе од 19.000 мултимилионери, односно 7,2 проценти повеќе од минатата година, објавија денеска германските медиуми наведувајќи дека тоа е најголем број во Европа, со што оваа земја, по САД, се најде на второ место во светот.

Бројот на луѓето, чиешто богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари, се зголемил секаде во светот, па според податоците на планетава оваа година има 211.000 такви мултимилионери.

Кога станува збор за мултимилионерите во Германија се претпоставува дека располагаат со имот од околу 2,5 милијарди долари што е десет отсто повеќе отколку минатата година.

Карактеристично за Германија е тоа што нејзините мултимилионери во голем број го наследиле својот имот.

Дури 28 проценти од нив за своите милиони треба да им заблагодарат на роднините, а само 41 проценти од нив сами ги заработиле милионите.

Повеќето мултимилионери живеат во Минхен, Хамбург, Дизелдорф и во Штутгарт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top