Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава за 39-годишниот скопјанец А.А. поради основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори. Судија на пријавениот му одреди мерка притвор од 30 дена.
Настанот се случил во попладневните часови минатата недела, односно на 14 ноември на ул. „Топанска“ каде што А.А. неовластено набавил и држел кај себе наркотична дрога хероин со намера да ја препакува во помали полиетиленски паковки и да ја пушти во продажба.
Пријавениот по претходен телефонски договор во близина на црква во населбата Скопје-Север се сретнал со непознато лице и за сума од 3.500 денари купил 5,71 грама наркотична дрога хероин спакувана во две полиетиленски паковки која ја држел кај себе.
Од страна на полициски службеници од единицата Алфа при контрола и преглед на возило „фиат пунто“ кај пријавениот се најдени три паковки со наркотична дрога – хероин. Тој е лишен од слобода, приведен во полициска станица каде вшто о службен разговор го појаснил начинот на сторување на кривичното дело.
Пријавениот е познат сторител на кривични дела за што во периодот од 2000 до 2012 година му се поднесени четири кривични пријави во врска со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, 10 пријави за тешка кражба и кражба како и една пријава за фалсификување исправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.