Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва во 21 часот, на фестивалот за европски филм „Синедејс“, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Денот да е радосен“ за култниот домашен бенд „Културно-уметнички работници“. Режисерка на филмот е Љубица Поповска, а кинематографер е Игор Ангеловски.
Филмот е направен по повод 15-годишно опстојување на бендот на домашната музичка сцена, а е во продукција на „Аворд филм и видео“. По проекцијата на филмот, во МКЦ ќе следи и концерт на „Културно-уметнички работници“.
Претходно, во киното „Милениум“, во 20 часот, во програмата Гала, ќе биде прикажан филмот „Збогум на јазикот“ по сценарио и режија на Жан-Лук Годард.
Во 22.30 часот во „Милениум“ е филмот „Салата на Џими“ во режија на Кен Лоах, а во Кинотека на Македонија во 20 часот е филмот „Чао Бразил“ на режисерот Карлос Диегос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.