| четврток, 6 декември 2018 |

Две тепачки меѓу ученици, потешко повредено 12-годишно момче

Две тепачки меѓу ученици завршија со интервенција на полицијата и двајца повредени ученици, од кои еден е потешко повреден.

 Тешко е повредено 12-годишно момче, ученик во Основното училиште „Кирил Пејчинович“ од тетовското село Теарце. Тој бил нападнат од негови соученици со тупаници и со клоци во средата околу 9 часот. Момчето побарало лекарска помош во амбулантата во селото каде што му биле констатирани видливи повреди на левата слепоочница.

По извршениот разговор, идентификувани се шест лица на возраст од 12 години. Во присуство на педагог и родителите, извршен е разговор со момчињата по што им се издадени платни налози според Законот за нарушување на јавен ред и мир.

Вчера попладне околу 16.30 часот, пак, во Средното училиште „Михајло Пупин“, 16-годишниот И.А. и една година постариот М.М. физички го нападнале Ф.А. (15).

Полицијата излегла на самото место, извршен е разговор и со оштетениот и со тепачите, по што издадени им се платни налози за нарушување на јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top