Историски успех за групацијата „Фолксваген“: три модели на „Фолксваген“ – „голф ГТЕ“, „пасат“ и „голф спортсвен“ ја освоија наградата „Златен волан“ за 2014 година. За првпат во историјата на овие награди, еден производител победува во три категории. Покрај овој голем успех, победата за групацијата „Фолксваген“ беше двојна. Уште една марка на групацијата, производителот на спортски автомобили „Порше“, освои уште три први места во различни категории со своите врвни модели: „макан ес дизел“, „911 тарга“ и „кајман ГТС“.
– Освојувањето на шесте најпрестижни автомобилски награди се фантастична потврда за нашата работа и показател за вредноста на нашите возила во споредба со конкуренцијата. Овој историски успех дополнително не мотивира да продолжиме по патот по кој започнавме. Следната година повторно имаме одлични нови модели за првите позиции – изјави проф. д-р Мартин Винтеркорн, претседателот на одборот на групацијата „Фолксваген“.
Престижните награди „Златен волан“, се доделуваат по 39. пат од страна на магазинот „Ауто билд“ и весникот „Билд ам зонтаг“, и се признание за најдобрите нови автомобили. Покрај гласовите на 200.000 читатели од 25 европски земји, во изборот на најдобрите учествуваше и стручното жири составено до автомомобилски новинари, професионални возачи, инженери, дизајнери, политичари и многу познати личности. „Голф ГТЕ“ ја освои наградата со јасна предност во однос на конкуренцијата во категоријата најдобар еколошки автомобил. Импресионирани од новиот мултимедијален систем, гласачите одлучија своите гласови да ги дадат за новиот „пасат“, кој ги победи своите конкуренти во средната/премиум класа. Додека пак новиот модел „голф спортсвен“ триумфираше во компактната/кросовер категорија.
„Макан ес дизел“ – новиот модел на „Порше“ – победи во категоријата „Ес-Ју-Ви“ – најдобро спортско корисно возило, моделот „порше 911 тарга“ триумфираше во категоријата најдобар кабриолет. Додека, пак, „кајман ГТС“ ја освои престижната награда во категоријата спортски автомобили.
Потрошувачка:
1. „Голф ГТЕ“ -: комбинирана потрошувачка 1,5 литар на 100 километри, емисии на јаглероден диоксид 35 грама на еден километар. Класа: А+
2. „Макан ес дизел“: потрошувачка во град 6,9-6,7 литри на 100 километри; потрошувачка на отворен пат 5,9-5,7литри на 100 километри; комбинирана потрошувачка 6,3-6,1 литри на 100 километри; емисии на јаглероден диоксид 164-159 грама на еден километар; Класа: Б
3. „911 тарга“: потрошувачка во град 13,9-11,8 литри на 100 километри; потрошувачка на отворен пат 7,7-6,9 литри на 100 километри; комбинирана потрошувачка 10,0-8,7 литри на 100 километри; емисии на јаглероден диоксид 237-204 грама на еден километар; Класа: Г, Ф
4. „Кајман ГТС“: потрошувачка во град 12,7-11,4 литри на 100 километри; потрошувачка на отворен пат 7,1-6,3 литри на 100 километри; комбинирана потрошувачка 9,0-8,2 литри на 100 километри; емисии на јаглероден диоксид 211-190 грама на еден километар; Класа: Г, Ф
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








