На 14 декември 1954 година, Генералното собрание на ОН препорача дека сите земји треба да воведат годишен настан од 1956 година познат како Универзален детски ден за да се поттикне братството и разбирањето меѓу децата во целиот свет и унапредување на благосостојбата на децата.
На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.
Од 1990 година, како Универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето.
Целта на Обединетите нации со воведување на овој ден на детето е да го привлечат вниманието за значењето на благосотојбата на децата низ целиот свет.
Во 2013 година претставници на Обединетите нации ги повикале сите земјите- членки, кои не ја ратификувале Конвенцијата за правата на детето и нејзините Факултативни протоколи, да го направат тоа истакнувајќи дека тој чекор е од витално значење за заштита на децата од злоупотреба и насилство во целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.