| четврток, 6 декември 2018 |

Нема крај на малерот на Даниел Стариџ

Нема крај на малерот на напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ кој само што се опорави од една заработи нова повреда, поради која ќе мора повторно да отсуствува од терените.

Напаѓачот на Ливерпул, на тренингот со репрезентацијата на Англија заработи повреда на бутниот мускул поради која ќе мора да оди на шест неделно боледување.

Интересно е што менаџерот Брендан Роџерс имаше намера Стариџ да го врати во стартниот тим веќе следниот викенд на мечот против Кристал Палас, а бидејќи и Марио Балотели е неизвесен за натпреварот прашање е кој ќе му прави друштво во нападот на Рахим Стерлинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top