| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици тони фалсификувани лекови на светскиот пазар

lekovi

Меѓународната полициска организација Интерпол повика денеска на меѓународната конференција во Даблин за меѓународна соработка во борбата против организираниот шверц на фалсификувани лекови, што е закана за здравјето на луѓето.

– Станува збор за стотици тони фалсификувани лекови, кои се појавуваат на пазарот во светот преку илегални или легални канали – изјави Алис Плансон, заменик-директор на организацијата, одговорна за фармацевтски криминал.

Во некои реони на Африка, Азија и на Латинска Америка до 30 отсто од лековите се фалсификувани, според процени на организацијата.

Една од најзначајните операции на Интерпол против фалсификуваните лекови беше извршена во мај во 11 држави. Таа доведе до заплена на 9,6 милиони тони фалсификувани лекови, до затворањето на 12.000 веб-сајтови и 434 апсења.

– Во наредната операција во јуни беа запленети сто тони фалсификувани лекови, меѓу кои и лекови за маларија – додаде Плансон.

Извршниот директор Жан-Мишел Лубутен повика за проширување на законодавните мерки и создавање царински и полициски оддели за борба против фалсификуваните лекови, како и за илегалната трговија на лекови.

Околу 200 учесници, меѓу кои и претставници на ОН и на полициски служби од 50 земји, учествуваат на конференцијата во Даблин, која продолжува и утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top