Момче со српско, а девојка со хрватско знаме се бакнуваат – ова е фотографијата која се појави на фотосервисот Имгур (Imgur). Според корисникот кој ја објавил фотографијата колеџот „Јунајтед ворлд“ (United World) во Мостар имал студенти од над 40 различни националности. Тие биле сместени во град кој е сѐ уште поделен од војната во човечката свест. Тој станал симбол на новата генерација балкански народи.
-Оваа година се одржува Културна парада за да се одбележи 50-годишнината на движењето Јунајтед ворлд. Сите гордо ги носевме нашите знамиња по улиците и на бошњачката и на хрватската страна од градот. Мојот пријател Србин се држеше за рака со својата девојка Хрватка. Кога една старица ја праша како може да оди покрај Србин, таа го бакна. Тогаш ја направив фотографијата. Тоа не е ништо посебно. Тоа е само еден пар што ја искажува својата љубов, но за нас тука во Мостар, тоа е доказ дека новите генерации не се подготвени да продолжат со војната во свеста – напишал авторот на фотографијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.