Организациите за заштита на животните останаа во шок откако рускиот фудбалер Кирил Кумбаров објави на социјалните мрежи фотографии од прославата на роденденот на својот син. Имено, рускиот интернационалец и играч на московскиот „Спартак“ на позајмица во „Торпедо“ на својот син за вториот роденден му донесе вистинска дресирана мечка.
Мечката за забава за роденден ја изнајмил од локалните циркуски групи, а кога ги објавил фотографиите на социјалните мрежи во истиот момент регирале Организациите за заштита на животните, па морал да ги тргне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.