Александар Томиќ професор на Машинскиот факултет во Белград измисли софтвер кој преку дигитална фотографија може да открие зачеток на тумор со величина на врв на чиода. Сепак овој изум кој претставува револуција во превенцијата на карциномот не е сопственост на Србија, туку на американската компанија „Мај скин“ која ги финансирала истражувањата на професорот Томиќ.
– Се почна кога истражувачкиот тим составен од професорот Ѓура Коруга, др. Јадрана Бандиќ, инженерот Жељко Раткаљ и јас на Машинскиот факултет во Белград од 2009 до 2011 развивме нов, сосема безопасен метод за рана дијагностика на канџрот на кожа. По 2011 година ги продолжив истражувањата без поддршка на системот, го доведов методот до перфекција и ја проширив неговата примена на сите видови канцер, вели Томиќ.
Научникот објаснува дека пациентот може сам да се фотографира на сомнителното место со дигитална камера со одреден спектар и фотографијата да ја испрати на тимот стручњаци за анализа. Врз основа на спектарот од фотографијата кој се претвора во дијаграм со сигурност од 99 проценти може да се итврди дали се работи за тумор, во каква состојба е, дали се развива или мирува и дали е итно за операција, вели Томиќ.
Томиќ со помош на овој изум утврдува и канцер на мозокот, а проектот го откупиле Американците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мислевте дека карциномот е наследен или сте имале лоша среќа?
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?