
Џејн и Пол Бригс имаат вкупно 34 деца, од кои пет се биолошки нивни, а 29 се посвоени. Почнале да посвојуваат деца пред 30 години и велат дека тој процес уште не е завршен.
– Уживам. Тоа е мојата кариера. На децата им кажувам дека тие се воздухот кој го дишам и колку многу ми требаат – изјави 58-годишната Џејн. Таа се подготвува за пат во Западна Африка од каде што треба да го донесе нивното последно дете, бебе родено без стапала и шаки. Неговите родители го напуштиле.

Оваа двојка досега посвоиле деца од Мексико, Русија, Украина, Бугарија и од Гана. Најчесто тоа се деца родени со инвалидитет, потешкотии во развојот или со некои потешки болести. Едно дете има проблеми со срцето, некои од децата преживеале и рак, имаат деформитети на нозете, сколиоза, проблеми со бубрезите, аутизам, проблеми со учењето или психолошки проблеми.

Само на храна годишно трошат 52 илјади американски долари. Пол вели дека има многу добра работа, секој пат кога ќе посвои дете, неговиот работодавец му дава 10 илјади долари за трошоци. Исто така, неговата фирма му дава и здравствено осигурување, кое е од витално значење за семејството во кое има многу болни деца.
Џозеф (24) е роден во Украина. Има зајачка уста. Неговите родители го напуштиле, а семејството Бригс го посвоило кога имал 14 години.
– Не можам доволно да им се заблагодарам за сѐ што направиле за мене, ги сакам Бригс најмногу на светот – вели Џозеф.
Другите деца исто така се благодарни.

Сепак, не е сѐ мед и млеко. Со толку многу деца во куќата, дисциплината е проблем, а некогаш доаѓа и до сериозни кавги. Едно момче дури и побегнало од куќата.
Но, како што вели Џејн, верата ѝ помага во тешките моменти и сѐ е вредно кога размислува за своите деца.
– Видовме дека можеме да ги промениме нивните животи – изјави Џејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Денешните генерации се 15 години „постари“ од родителите на иста возраст


