| четврток, 6 декември 2018 |

Најполуларни туристички места во светот според „Тајм“

Капали чаршија во Истанбул се смета за најстар и најголем покриен пазар во светот. Секоја година го посетуваат, во просек, 91 милион и 250 илјади луѓе. Тоа е еден од симболите на градот крај Босфор.

Капали чаршија

Капали чаршија во Истанбул

Списанието „Тајм“ ја  стави Капали чаршија на прво место во рангирањето на најпопуларните туристички места во светот. Списанието забележува дека во чаршијата, изградена во 1 век, има околу 4.000 продавници во кои се продаваат рачно нацртан порцелан и керамика, персиски килими, накит и голем број други сувенири и предмети.

– Ако ја посетите Капали чаршија, не заборавајте да се пазарите за цената и не грижете се да се оддалечите од продавачот, ако предложената цена не ви се допадне. Ги советуваме оние кои се на шопинг во чаршијата, да го пробаат гирото кое се продава таму или да испијат чаша горко турско кафе – препорачува „Тајм“.

Плоштад „Сокало“ во Мексико Сити

Плоштад „Сокало“ во Мексико Сити

На второ место во рангирањето на списанието е наведен централниот плоштад во Мексико Сити „Сокало“, познат како „Плоштад на Уставот“.

„Тајмс Сквер“ во Њујорк

Тајмс сквер во Њујорк

На трето место е плоштад „Тајмс сквер“ во Њујорк, кој годишно го посетуваат 50 милиони туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top