Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, денеска беше осуден на затворска казна од 1о години и шест месеци за помагање при убиството на Марјан Тушевски. Во повторениот судски процес на случајот „Ровер“, кој беше повторен поради укинувањето на првостепената пресуда од Апелација, Бошковски беше ослободен од обвинението во врска со убиството на Киро Јанев.
Останатите обвинети во случајот „Ровер“ добија од пет и пол до осум и пол години затвор. Сите беа прогласени за виновни во врска со убиството на Марјан Тушевски, но за убиството на Киро Јанев добија ослободителни пресуди.
За време на читањето на пресудата, Љубе Бошковски стоеше свртен со грбот кон судијата со образложение дека не го признава судот.
Инаку, обвинетите за извршување на убиството на Марјан Тушевски, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ, добија казна доживотен затвор, а Вук Вукичевиќ е осуден на 15 години затвор. Казни затвор добија и останатите обвинети.
Судот утврди дека ниту кај Бошкоски ниту кај останатите, не вклучувајќи ги првите тројца обвинети, немало умисла за помагање на убиството на Киро Јанев. Првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски, доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.
Според Судскиот совет, Бошкоски, како тогашен министер за внатрешни работи, наводно му дал зелено светло на Орце Коруновски за убиството на Тушевски. Наводно ветил дека нема да поведе истрага за убиството и ќе им помогне на извршителите да избегаат.
Бошкоски во моментот е во затворот „Идризово“ каде што ја одлежува петгодишната казна затвор која му беше досудена за случајот „Кампања“. Тој веќе одлежа три години, па доколку не беше случајот „Ровер“, ќе имаше право да побара помилување или можност за викенди на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Идејата за размена на територии повторно на маса: И Ангелов, Георгиевски и Бошкоски се за двојазичност и федерализација
-
Лутите политички ривали Георгиевски, Бошкоски и Ангелов заедно на изборите со „ВМРО за Македонија“
-
За што разговараа Зекири и Бошкоски со Спасовски во МВР?
-
Случај „Ровер“: Љубе Бошкоски ја напушти судницата