
Партиите ВМРО Народна, Достоинство и Обединети за Македонија составија нова коалиција под името „ВМРО за Македонија“.
Лидерите на коалицијата, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов, велат дека се здружиле бидејќи сакаат повторно да ја направат Македонија демократска. Тие најавија дека ќе се залагаат за демократизација на државата, враќање на владеењето на правото, економски просперитет и пораз раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Шефот на Изборниот штаб на Коалицијата, Ден Дончев, ја претстави третата опција истакнувајќи дека ќе се борат за „слобода, демократија, економски просперитет, човекови права“.
Инаку лутите политички непријатели имаа голем број несогласувања меѓу кои проблемот со уставното име и односите со Грција за што на Јутуб се појави снимка од Љубе Бошковски и неговото мислење за Љубчо Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Партнерите во Владата на Луксембург договорија продолжување на коалицијата
-
Георгиевски: Името Македонија повеќе ја загрозува Бугарија отколку било која географска додавка
-
Бугарите го нападнаа Љубчо: Не барај „војводо“ прошка од Грците за она што им го даде додека беше на власт
-
Љубчо Георгиевски со остра реакција кон Стојан Андов: Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе!


