| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб утре ќе дебитира за Баерн

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб се очекува својот деби настап за Баерн Минхен да го има утре против Барселона во Евролигата.

Германскиот клуб преку својата веб страна потврди дека сите документи за Мекејлеб се комплетирани и дека тој можеби уште утре да се појави во составот предводен од Светислав Пешиќ.

Американецот со македонски пасош има договор со Баерн за едномесечна соработка односно до крајот на првиот циклус од Евролигата со можност по истекот на овој договор да се склучи нов подолгорочен.

– Во овој момент Баерн е најдобриот избор за мене и со нетрпение чекам да заиграм, изјави Мекејлеб по потпишувањето на договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top