Москва е подготвена да соработува со Вашингтон врз основа на принципот на немешање, рекол рускиот претседател Владимир Путин.
Денес Путин ги примил новите амбасадори на неколку земји, меѓу кои бил и главен претставник на САД, Џон Тафт.
Путин изјавил дека двете земји имаат тешка одговорност за одржување на стабилноста во светот, за борбата против глобалните закани и предизвици.
– Ние сме подготвени за практична интеракција со американските партнери врз основа на меѓусебно почитување, рамноправност и немешање во внатрешните работи на Русија и САД – истакнал Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.